Без вода утре неколку улици во Центар

43

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улиците „Тетовска“, „Стив Наумов“, „Славе Георгиевски – Шнајдерот“ и амбулантата на МВР во Општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е поради изведување на вододоводен приклучок ф 80 мм на улицата „Тетовска“ 40 во населбата Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.