Без вода утре корисниците од неколку улици во Центар

49

Корисниците од улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Благоја Деспотовски Шовељ“ и „Пролет“ во општина Центар, вклучително амбулантата на МВР и полициската станица, утре од 9 часот ќе немаат вода.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради дефект на улица „Стив Наумов“, број 63 и ќе трае до негово отстранување.