Без вода од утре до петок селата Љубин, Сарај, Глумово и Матка

47

Без вода од утре до петок во периодот од девет до 13 часот ќе останат корисниците од селата Љубин, Сарај, Глумово и Матка во Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, причината за прекинатото водоснабдување е чистење и дезинфекција на резевоарот во селото Љубин.