Без вода корисниците од улицата „Скоевска“

158

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради дефект на водоводна мрежа на улицата „Скоевска“ бб, во населбата Радишани, прекинато водоснабдување ќе имат корисниците од наведената улица.

Како што велат од претпријатието, прекинот ќе биде до завршување со санација.