Без вода корисниците од улица „Македонско косовска бригада“ и населба Драчево

278

Од јавното претпријатие „Водовод иканализација“ известуваат дека поради дефект на улица „Македонско косовска бригада“, број 38/10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак „38“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:50 часот до завршување со санација на дефектот.

Освен тоа, поради дефект на улица „Бранко Заревски“. бб (пред Зегин) во населба Драчево, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Драчево од 08:40 часот до завршување со санација на дефектот.

Без вода денеска ќе бидат и корисниците од населбата 11 Октомври (бараки).

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Лазар Димитров“, бб.