Без вода корисниците од село Матка и корисниците ид ул. „Христо Татарчев“

14

Поради дефект на водоводна цевка, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од село Матка.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:50 часот до завршување на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа без вода се и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, крак 11, во населбата Кисела вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека тие ќе имаат прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот.