Без вода делови од Кисела Вода и Рашче

112

Без вода денеска од 9 часот се корисниците во дел од улицата „Христо Татарчев“ и крак 2 во општината Кисела Вода, а намален притисок ќе имаат дел од  корисниците во истоимената населба, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на улицата „Христо Татарчев“ бб кај кружниот тек и ќе трае до неговото санирање.

Прекин во водоснабдувањето денеска од 10:00 часот имаат и дел од корисниците од скопското село Рашче.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради санирање дефект на улицата „1“ во село Рашче, кај училиштето, на излез од селото.

Жителите ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.