Без вода дел од корисниците на скопската населба Капиштец

34

Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ инфпрмора дека денеска без вода ќе бидат дел од корисниците на скопската населба Капиштец.

-Поради дефект на два затворачи на улицата „Народен Фронт“, број 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица „Народен Фронт“ (од број 3 до број 17)  и „Васил Ѓорѓов“,  зграда 18 и 20, известуваат од претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.