Женскиот кошаркарски клуб, Баскет Кам, го претрпе шестиот пораз во регионалната ВАБА лига, откако попладнево на домашен терен загуби од словенечки Триглав со 74:78.

Тимот од Македонска Каменица лошо го стартуваше мечот и по првите десет минути беше во негатива од 13 поени (26:13). Вториот и третиот период минаа прилично израмнети, а македонскиот тим се обиде да се врати во полседната четвртина, но на крајот не успеа да направи целосен пресврт.

Најефикасна кај поразените беше Адијат Адамс со 20 поени, додека еден помалку имаше Катерина Димитровска.