Како што е веќе познато, Томас Ертел и Барселона и официјално се разделија пред неколку дена, па сега Французинот е слободен кошаркар. Според шпанскиот новинар Чемо де Лукас, Ертел на крајот ќе потпише за Реал Мадрид, но дури од следната сезона.

  • Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа во добри и лоши времиња, ставајќи го фанатизмот настрана, и кои покажаа дека за да ги имате вредностите со кои се гордеете, мора да бидете искрени и објективни, а не да судите некого без да ги знаете и двете верзии на приказната. Ви благодарам, напиша Ертел.

Имено, Ертел нема опција да премине во тим од АЦБ-лигата до крајот на оваа сезона, па ќе мора да почека до следната за да игра за Реал Мадрид, а според шпанскиот новинар Французинот ќе потпише договор од една година со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Ертел беше близу до преселба во Реал пред неколку недели, кога имаше договор да ја прекине соработката со Барса, но Каталонците не знаеја која е следната дестинација на Французинот. Мислеа дека тоа е Фенербахче, а кога дознаа дека станува збор за Реал, настана хаос.

Французинот имаше потпишан договор за соработка со Барселона до летото 2022 година (последната сезона беше по избор), која на крајот беше раскината со заеднички договор. Сега е сигурно дека тој ќе замине во Реал, што значи дека конечно се најде компромисно решение.

Не е исклучена можноста Ертел да замине и во друг клуп, секако, доколку овие тврдења на Чемо де Лукас се воспостават за неточни.