Каталонскиот ракометен гигант, тимот на Барселона и официјално се пофали со четирите нови засилувања за новата сезона. Каталонците го засилија тимотт со Домен Макуч, Блаж Јанц, Ханиел Лангаро и Луис Фраде. Овие трансфери го подмладија составот на Чави Пасквал, кој и во новата сезона ќе атакува на титулите на сите фронта.

Барса веќе ги почна подготовките за новата сезона, а тренинзите се одвиваат според препорачаните протоколи на надлежните органи заради коронавирусот.

На крајот од годината, Барса ќе биде дел од завршниот турнир во Келн, на кој ќе учествуваат заедно со Кил, ПСЖ и Веспрем.