Рускиот тенисер Данил Медведев славеше на Мастерс тенискиот турнир во Шангај  откако во финалето го победи Германецот Александер Зверев со 2:0 во сетови.

Ова за Русинот беше прва победа во петтата пресметка со Зверев или вкупно 59  оваа сезона. Воедно за Медведев беше втора титула во низа на Мастерсите од серијата 1000 со што стана втор играч кој не е од големата тројка што успеал да победи на повеќе од еден мастерс турнир.

-Ова е фантастично затоа што Шангај е еден од најпрестижните турнири. Особено во последните десет години само тројца играчи успеале да дојдат до пехарот така што е навистина посебно да се има мојата фотографија во ходникот во текот на следните години. Морам да кажам и дека сите зборуваат дека се потребни нови момци, нешто ново, па им дадов нешто ново. Јас не ги славам моите победи. Само останувам смирен, ја работам својата работа. Бум, готово – порача Русинот.