Бане Мојиќевиќ се разведе: Јас буквално процветав

437

Пејачот и прв победник на „Ѕвездите на Гранд“, Бранислав Бане Мојиќевиќ официјално се разведе од сопругата Милица пред две недели, но веќе шест месеци не живеат заедно. Имено, уште во 2018 година започнале неуспесите и проблемите во заедничкиот живот со неговата сопруга , но тие некако успевале да ги надминат проблемите.

„Вистина е дека се разведовме, неофицијално пред половина година и официјално пред две недели. Можам да кажам дека сега сме во подобри односи од кога било, очигледно требаше да се разделиме за да може да се реши нашиот однос. Навистина, ние комуницираме сосема нормално. Нема тука некои конкретни причини. Немаше никакви драми, скандали или афера, туку емоциите, љубовта и комуникацијата згаснаа. Лесно се договоривме за поделба на имотот. Не е крај на светот и двајцата продолжуваме понатаму“ – открива Бане.

Дека добриот развод е подобар од лошиот брак, потврди и Бане Мојиќевиќ, кој вели дека му е многу полесно откако стави крај на бракот со Милица.

„Да знаев дека ќе ми биде вака ќе се разведев порано. Јас буквално процветав. Јас би рекол дека и на Милица ѝ осамна. Сега и двајцата сме посреќни и позадоволни“ – додаде тој.