Огромниот балон со ликот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој што прелета над Лондон за време на протестите одржани за време на неговата посета на Велика Британија, го купи Музејот на градот Лондон и има намера да го изложи во делот посветен на протестите.
Балонот е висок шест метри и прелета над Парламентот, за време на работната посета на Доналд Трамп на Велика Британија во јули 2018 година. Лондонскиот музеј соопшти дека идејата за нив изгледала многу интересна и дека претставува еден вид „одговор на жителите на Лондон“ на тогашната посета на Трамп.