Бакајоко прво како позајмен

77

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан и на лондонскиот премиерлигаш Челзи најпосле седнаа на преговарачката маса, а тема на дискусија е можниот трансфер на францускиот интернационалец Темуе Бакајоко. Искусниот играч сака по секоја цена да се врати на „Сан Сиро“, каде пред две години играше како позајмен фудбалер. Челниците на Милан се подготвени да одвојат околу 3 мил. евра за едногодишната позајмица и потоа да го откупат неговиот договор за 35 мил. евра.