Баерн (М) дига раце од Нојер

221

Поголемиот дел од раководните лица на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), се убедени дека е дојден вистинскиот момент за да стават крај на соработката со легендарниот голман, Мануел Нојер.

Репрезентативецот на Германија има 33 години, а пред неколку дена изјави дека Баерн (М) нема тим кој може да биде конкурентен и за трофејот во Лигата на шампиони. Таквата негова изјава не им се допадна на раководните лица кои се повеќе од подготвени за да стават крај на соработката до крајот на летниот преоден рок.