Баба и две малолетни внучиња нападнати од кучиња скитници

85

Баба и две малолетни внучиња вчера во Кичево биле нападнати од кучиња скитници.

Според СВР Охрид, случајот го пријавил А.М.42. Неговата мајка и неговите две малолетни деца на улица „Арсо Војвода“ биле нападнати, но и каснати од кучињата.