Ахмети за можната интерпелација: Сигурно Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена

143

 Нема загриженост за гласините дека пратеникот на ДУИ Изет Меџити може да поднесе интерпелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели во интервју за ТВ 21 лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

– Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно господинот Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена, изјави Ахмети.

Во однос на најавата на Блерим Беџети дека е можно да има интерпелација, Ахмети со став дека опозицијата покренува интерпелација, а за можноста тоа да биде покренато од некој од неговите сопартијци вели „зошто да не, демократија е … “.

Сепак, Ахмети, посочи дека не очекува никој од неговата партија да се приклучи на опозицијата во интерпелацијата.