Организацијата на професионални тенисери (АТП) подготвува нови правила кои нема да им се допаднат на многумина од тенисерите. Станува збор за построги правила за медицински тајм аут и одење во тоалет за време на мечот.

На ваква одлука АТП се одлучи откао Стефанос Циципас на натпрварите на САД Опен во повеќе наврати ги прекинуваше натпреварите за да оди во тоалет. Токму затоа челниците на АТП наредната недела ќе ги донесат новите правила со кои ќе биде ограничено одењето во тоалет. Што се однесува до медицинскиот тајм аут, тенисерите ќе имаат право на еден подолг и еден пократок во случај за потреба за трет тајм аут ќе ора да го предадат мечот.