Арсовски: Фон дер Лајен беше прецизна дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ

29

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен вчера беше прецизна дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде призание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана на тоа, до крајот на оваа година Северна Македонија да ги почне преговорите за членство, истакна владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, кој е ставот на Владата, откако утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи во утрински брифинг рече дека „пораката од Брисел не е добра“, цитирајќи ја вчерашната изјава на Фон дер Лајен, нагласи дека со се што постигнавме, Владата смета дека тоа е целосно заслужено и дека тоа ќе биде најдобра потврда дека политиката на проширување на Унијата не е само декларативна.