Каталонскиот ракометен гигант Барселона го задржа Аитор Арињо Бенгоечеа до 2025 година. Арињо претходно имаше договор со Каталонците до јуни 2021 година, но двете страни пронајдоа заеднички јазик и си подадоа рака на нов, четиригодишен договор.

-Потпишавме нов договор со играч кој го заслужува тоа. Благодарни сме на она што го прави Арињо за нашиот клуб. Во овој момент, тој е едно од најдобрите крила на светот, вели легендата на клубот Дејвид Баруфет.

Арињо (27) во сезоната која предвреме заврши поради корона-кризата одигра 40 натпревари за Барса во сите натпреварувања и постигна 115 гола.