Арифи: Продолжуваат проектите во Липково, граѓаните преку форуми ќе ги избираат приоритетните проекти за 2022 година

28

Продолжуваат проектите за подобрување на квалитетот на живот на жителите на Липково, информираа денеска надлежните. Дел од проектите како што се регулација на речното корито во село Отља и изградба на секундарна мрежа во село Лојане за вода за пиење се поддржани и од државата.

 – Во моментов работиме на два проекти со програмата ТАВ, се работи за регулација на речното корито во село Отља, другиот е за изградба на секундарна мрежа во село Лојане, за вода за пиење. Исто така се работи на водоснабдувањето во селата Слупчане, Оризаре, Никуштак и Матејче и полека овој главен, капитален проект да го ставиме во функција, изјави градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Во моментот се работи на утврдување на проекти за 2022 година пред донесување на буџетот за идната година. Арифи додаде дека се спроведуваат форум групи и се прибираат идеите, предлозите на жителите за реализација на проекти кои ќе се спроведат наредната година. Вклучени се месни заедници, жители на сите населени места