Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули под истрага

208
Основното јавно обвинителство од Тетово води истрага против тројцата државни функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 33 од Кривичниот законик објави  порталот Факултети.мк.

– Се води постапка против тројцата државни функционери за злоупотреба на службената положба и овластување. Предметот е во фаза на предистражна постапка – вели во изјава за поралот обвинителката Драгослава Поповска.

Како што потсетува факултети.мк, просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе пријава до Управата за финансиска полиција за тројцата функционери, за кои тврди дека добивале хонорари од Тетовскиот универзитет за настава додека работните места им биле во мирување.