Српската тенисерка Ана Ивановиќ учествувала во набавката на 35 респиратори и со финансиска поддршка и со лобирање преку свои контакти.

Неколку компании и Ивановиќ обезбедиле големи парични средства со кои се порачани овие неопходни респиратори за српскиот здравствен систем. Сето тоа е направено под покрвителство на УНИЦЕФ чијшто амбасадор е Ана Ивановиќ.

Оваа светска организација за Србија порача 50 респиратори. Деновиве почнаа да се испорачуваат маски, заштитни одела, визири и ракавици за здравствените работници.

Извор