Американците се враќаат на Месечината – пробна мисија на НАСА, Орион влезе во орбитата

49
EPA-EFE/NASA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ДЕСЕТ дена по лансирањето на беспилотната вселенска мисија на НАСА Артемис I, вселенското летало Орион влезе во орбитата на Месечината.

Леталото ќе лета 64.000 километри над Месечината, објави американската вселенска агенција. Поради должината на орбитата, на капсулата ќе и треба една недела за да помиен половина пат во орбитата околу Месечината, по што повторно ќе ја напушти орбитата на Месечината и ќе почне да се враќа на Земјата, наведува НАСА.

Орион исто така треба да го собори рекордот за најдолго растојание од Земјата поминато со вселенско летало дизајнирано за лет на астронаути. Рекордот е поставен во 1970 година од Аполо 13.

Новата вселенска програма на НАСА, Артемис, конечно, по бројни одложувања, започна минатата недела со лансирањето на вселенското летало Орион. Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, за прв пат по речиси педесет години.

Мисијата Артемис I без екипаж ќе го однесе леталото Орион на 64.000 километри од Месечината за да ги покаже своите способности. По враќањето на Земјата, ќе следи Артемида II, првиот вселенски лет на Орион со екипаж. Слетувањето на Месечината ќе биде врв на мисиите Артемида. Првично планиран за 2024 година, овој исклучително важен настан треба да се случи најрано во 2025 година.

Мисијата ќе однесе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летало Орион, каде двајца од нив од кои една ќе биде жена, ќе се префрлат во вселенското летало SpaceX за последното приближување до Месечината.

САД испратија 12 астронаути на Месечината помеѓу 1969 и 1972 година.