Д-р Кенет Реми, лекар од американската сојузна држава Мисури, објави видео во кое симулира кои се последните сцени што ги гледаат пациентите кои умираат од коронавирус.

Видеото тој го објави како свој скромен обид да ги охрабри луѓето да носат маски.

Д-р Реми за Би-Би-Си изјави дека носењето маска ни приближно не е толку непријатно како „ставањето парче пластика во дишните патишта“.

-Вака изгледа кога дишете 40 пати во минута, кога нивото на кислород е значително под 80,  предупреди докторот на видеото објавено на Твитер.