Алтернатива одлучи да се приклучи во Владата

144

Централното собрание на партијата Алтернатива на вечерашната седница одлучи да ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство.

„Алтернатива одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство и да биде дел од оваа влада. Сметаме дека затворањето на спорот со Бугарија не е само државна, туку и албанска цел, затоа што со затворањето на тоа прашање, се отвора патот на целиот регион кон ЕУ. Дополнително како партија бараме меѓународна истрага за случаите Монструм, Алфа, Диво Насење. Се одлучивме на ваков чекор поради влезот во НАТО, решавање на спорот со Грција. Сметаме дека постигнувањето на договорите е голема работа за нашата држава, за Албанците, но и победа на Алтернатива“, соопшти на прес-конференцијата, партискиот портпарол Орхан Муртезани .

Тој нагласи дека утре на заедничка прес конференција ќе бидат соопштени деталите и за ресорите што ќе ги добие Алтернатива со влегувањето во Владата.

Одлуката за влез на Алтернатива во Владата како што рече, била едногласно донесена, а примарна цел била европската интеграција.

„Предвремените избори не се решение. И затоа ние со денешната одлука дадовме шанса на преговорите со Европската унија“, рече Муртезани.