Со трката за Големата награда на Абу Даби викендов беше спуштена завесата на уште една сезона во Формула 1

И оваа година доминација на патеката имаше пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, кој на најдобар можен начин ја заврши сезоната – со победа на „Јас Марина“. Возбудувањата повторно недостадуваа на патот кон светската титула, па така Британецот полсено од очекувањата дојде до одбрана на насловот, а истото важеше и кај конструкторите.

Сепак, се очекува пресврт во наредната сезона, а многумина се надеваат дека Ферари и нивните возачи ќе успеат да ја прекинат доминацијата на Мерцедес, или бар да ги „замрсат сметките“ кога е во прашање шампионската титула,  а можат да ги намалат сметките со Мерцедес. Исто така се шпекулира дека легендарниот Фернандо Алонсо би можел наскоро да се врати во Ф1. Шпанецот ја напушти Формула 1 на крајот од минатата сезона, но постои шанса тој да се врати во 2021 година. Тогаш ќе бидат воведени нови правила, но исто така на многу возачи им истекува договорот, па Алонсо токму таму ја гледа својата шанса.

Сепак, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен не смета дека е добра идеја за Алонсо.

  • Тој е одличен возач и добро би било да го видам назад на патеката, но само ако има конкурентен болид. Ако тоа не функционира, тогаш тоа би било само губење време и верувам дека тој е свесен и за тоа, истакна Верстапен.