Алмодовар и „Ќеиф” со чалгии утревечер на Синедејс

123

На 11 ноември, во рамки на Гала програмата на 18. Фестивал на европски филм „Синедејс“, во киното Милениум, публиката ќе може да ги погледне филмовите „Pain and Glory” во режија на Педро Алмодовар (20 часот) и „About Endlesness“ на Рој Андерсон (22 часот).

Во киното Фросина, пак, ќе бидат прикажани „Полусестра“ на Дамјан Козоле во продукција на „Сестри и брат Митевски“ од програмата МК во ЕУ од 17 часот, а од 21 часот македонскиот музички документарец „Ќеиф” на Блаже Дулев, кој го следи развојот на чалгијата во Македонија.

Овој филм ќе биде проследен со настап на македонскиот состав Чалгии Мерак од 23 часот во МКЦ.