Акција за одложување на кабаст отпад во Карпош

35

На четири локации низ Карпош ќе бидат поставени големи контејнери за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата.

Станува збор за акција на Општина Карпош и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ која ќе се спроведе во периодот од 18 до 22 мај, 2021 година.

Како што информираат од Општина Карпош, мебелот, електронскиот и електричен отпад, граѓаните ќе можат да го одложат на четирите локации: Влае 2, позади Порта Влае, кај автобуската постојка; Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (автобуска постојка на последна „24 – ка“); Козле, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ и Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“.

Од Општината ги повикуваат сите граѓани, кои планираат да го одложат кабастиот отпад, тоа да го сторат во посочениот временски период и исклучиво во овие наменски контејнери.

-Оставањето на овој вид отпад, во близина на контејнерите за одложување на домашниот комунален отпад е казниво и придонесува за загадување на околината- нагласуваат од локалната самоуправа и информираат дека е активен и пунктот на ЈП „Комунална хигиена“, во Карпош 3, долж булеварот „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“), каде што граѓаните можат да одложат кабаст отпад.