Актерот Мет Дилон лобира за изградба на технолошки парк во Скопје

Отворено писмо од инвеститори до Владата

187

Отворено писмо од инвеститори до Владата за побрзо одобрување на одлуката за изградба на Технолошки парк во Скопје. Поддршка за проектот пристигна и од холивудската ѕвезда Мет Дилон кој што на МРТВ кажа дека

инвеститорите бараат забрзување на процедурата, зашто секој ден е важен за проектот што треба да донесе развој на регионот.

На почетокот на август, познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

-Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.