Антибиотиците се лекови кои го спречуваат растот на бактериите и се користат во третманот на бактериски инфекции. Тие се сметаат за едно од најголемите достигнувања на 20 век, а правилното користење е клучно. Ако земате антибиотици предолго или самостојно, односно без пропишан рецепт, може да се случи лекот да не работи правилно, односно бактериите да станат отпорни. Влијанието на одредена храна врз дејството на антибиотиците не е занемарливо. Експертите од германската медицинска комора препорачуваат кои пет намирници треба да ги избегнувате.

Млекото и млечните производи се богат извор на калциум што може да ги наруши ефектите на лековите, особено антибиотиците.

 

 

„Одредени антибактериски агенси се врзуваат за калциумот во цревата и создаваат комплексни молекули кои се толку силни што не можат да навлезат во крвотокот преку цревниот ѕид“, објаснуваат лекарите и додаваат дека најдобро е да се избегнуваат млечни производи два часа пред и по земањето антибиотици.

„Алкохолот може да го намали или зголеми дејството на лековите, а антибиотиците не се исклучок. Ако се консумираат заедно, може да се појават главоболки, гадење и повраќање“, вели еминентниот германски експерт д-р Томас Лошер.

Минералната вода содржи многу минерали, како што се калциум, железо и магнезиум. Исто како и со калциумот во млекото, во овој случај, минералите можат да се врзат за активните состојки на антибиотиците и да ги претворат во неефикасни. Затоа, минералната вода треба да се избегнува два часа пред и по земањето антибиотици.

Овошните сокови не се добра комбинација со антибиотици, бидејќи тие можат да содржат одредени ензимски инхибитори кои можат да го нарушат метаболизмот на некои лекови во црниот дроб.

Ефектите на напитоците како што се кафето, црниот и зелениот чај или енергетските пијалаци може да се подобрат со употреба на антибиотици, што може да резултира со побрз ритам на срцето и отежнато спиење.