Ако во минатото беше реткост, во денешно време секоја втора спортистка бара начин да заработи повеќе пари со тоа што ќе се соблече за познатите светски магазини. Меѓу оние кои го покажаа своето тело е и романската гимнастичарка Корина Унгуреану, која се натпреваруваше на меѓународно ниво од 1993 до 1999 година. Таа беше член на две селекции кои освоија златни медали на Светските првенства и беше европска шампионка во 1998 година.

Така, Корина, која денес има 42 години, имаше многу успеси на спортските натпреварувања. Сепак, поранешната светска шампионка во гимнастика овој пат откри зошто пред повеќе од две децении се согласила да позира за најпопуларниот магазин за возрасни – „Плејбој“.

Целиот свет занеме во јануари 2000 година кога повеќекратната светски шампионка во гимнастика се појави на насловната страница на списанието во заводлива фотографија, кога имаше само 19 години.

Иако стана двократна светска шампионка во гимнастика во 1997 и 1999 година, речиси никој не ја познаваше Корина како една од легендите кои оставија трага во светскиот спорт. Таа неодамна откри дека топлес фотографијата во „Плејбој“ ја опишува нејзината импресивна гимнастичка кариера. Подоцна, повторно позираше гола во 2008 година, а воедно од тоа заработи добри пари, повеќе отколку од спортските достигнувања.

  • Нема да кажам дека финансискиот дел не беше важен. Беше многу важно. Беа повеќе пари отколку што добив за светската титула. Имав куќа да завршам и… И пред мене се сликаа некои гимнастичари. Си реков дека сè е во ред и дека немам потреба да се грижам. Тогаш на некој начин се надминав себеси, изјави Корина, па додаде:
  • Денес немаше да разговараме без ова. Јас не сум одлична гимнастичарка. Не се сметам себеси во првите 15 на сите времиња. Знам каде припаѓам во хиерархијата на големите романски гимнастичари. Нема да слушнете како велам дека сум одлична гимнастичарка. Во ред, во споредба со денешните резултати, можеме да кажеме. Но, можеби да не се фотографирав, светот немаше да знае дека Унгуреану е и светска шампионка.

Во 2002 година, Корина Унгуреану повторно се најде среде голем скандал откако сними еротски филм заедно со Лавинија Милошовичи и Клаудија Пресекан под договор со јапонска продукциска куќа. Тогаш се дозна дека трите правеле еротски кадри за магазинот „Шукан Гендаи“, во кои се појавиле голи за време тренинг во теретана.

Скандалот бил голем бидејќи тие биле облечени во гимнастичка опрема, а на неа било логото на Романската гимнастичка федерација.

  • Кога позиравме во Јапонија, тоа беше голем хаос, голем скандал. Јас поради глупост или незнаење, на опремата го имав грбот на нашата Федерација. Не знаевме како да добиеме адвокат, како да го прочитаме договорот како што треба. Не дадовме објаснувања, не кажавме многу, вели Корина.

И навистина, никој немаше да знае за Корина Унгуреан доколку не се појавеше на насловната страница на „Плејбој“. На интернет има многу разголени фотографии и видеа на кои таа целосно гола прави вежби на справи во теретана.