Азар повторно во Челзи

124

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М) и дефинитивно планира за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со белгискиот интернационалец Еден Азар. Раководните лица на „кралскиот клуб“ веќе не кријат дека се незадоволни од играта и од ефектот на фудбалерот кој пред две години беше купен за 100 мил. евра. Англиските медиуми открија дека Азар може да се врати во редовите на Челзи и тоа ако понудата не биде помала од 50 мил. евра.