Аеродромци уживаа во летното интермецо

44

Со многу енергија и позитивна атмосфера аеродромци вчера во паркот под светилките уживаа во музиката на триото „Тринити стрингс“, чиј настап го организираше Општина Аеродром во соработка со Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ).

-Летното интермецо во паркот под светилки го овозможивме со цел да се дружиме, да се забавуваме и да ја промовираме македонската музика во летниот период- изјави градоначалникот Златко Марин.

Од Општина Аеродром најавуваат дека ќе продолжат во истиот стил да го збогатувааат летото со музички и културни настани.