Аеродром наскоро ќе распише тендер за главен проект за објектот

844

Советот на Општина Аеродром на последната седница ја усвои тригодишната развојна програма, а е утврдена и динамиката за изградба на административната зграда.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, најавува дека набрзо ќе биде објавена јавна набавка за изработка на главен проект за зградата, по што ќе следува и избор на изведувач на градбата.

За почетните активности во врска со изведбата до крајот на оваа година веќе се испланирани 15 милиони денари, а другите средства ќе бидат предвидени со буџетите во 2022 и 2023 година.

-Со изградбата на општинската зграда заштедуваме средства од буџетот кои досега беа наменети за висока месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Реализираме уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани-вели Марин.