Китењето на елката ме потсетува на среќното детство, на топлината во домот, среќните мигови поминати со родителите, брат ми и сестра ми

По сè изгледа дека новогодишната еуфорија зема се поголем замав и кај познатите личности. Некои од нив можеби малку побрзале, па веќе си ја накитиле елката. Така накитена си ја сликале, споделувајќи ги празничните слики со своите фанови. Една од нив е и шефицата на “Гастро-Македонија“ и уредничка на ТВ-емисијата “Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки. Елката на Адријана е во сина боја, а под сликата со оваа преубава елка, таа остави емотивен коментар:

-Сликата сè уште ми е пред очите, мајка ми, татко ми, елката, брат ми и сестра ми, како филм од 60-тите… Китењето на елката го доживувам како посебен ритуал. Ме потсетува на среќното детство, на топлината во домот, среќните мигови поминати со родителите и безгрижноста која беше прочистувач на воздухот.

Сè тече, се менува, сега јас ја китам за моите деца, да и колку и да се возрасни за мене се мои деца. За внуката Јана, среќна сум, му благодарам на бога, ми даде можност да имам на кого и за кого. Богата сум! Ти благодарам, животе!!!

Инаку, Адријана деновиве во Етно-село Тимчевски, снима новогодишна ТВ емисија, со која традиционално за време на празниците ќе ги исполни нашите домови и ќе ни ја збогати празничната софра.

Во емисијата ќе има и многу народна македонска музика со нејзините колеги од естрадата, како и многу јадења кои Адријана ќе ни ги препорача за Нова година, но воедно и за божиќните празнувања. Д.М.