Животните од скопската Зоолошка ќе добиваат здравствена нега од најдобрите доктори по ветеринарна медицина

89

Скопската Зоолошка градина потпиша мемoрандум за соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, со цел што поголема благосостојба на животните, како и заедничка научно-истражувачка, наставно-образовна и апликативна дејност од областа на ветеринарната медицина.

-Преку овој меморандум за соработка кој го потпишаа деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, проф. д-р Деан Јанкулоски и в.д директорот на ЗОО Скопје, Зоран Попов, студентите ќе имаат можност за практична работа во нашата зоолошка градина, а животните ќе добиваат целосна и ефикасна здравствена нега од најдобрите професори и доктори по ветеринарна медицина, како и дел од услугите на Универзитетската ветеринарна болница ( специјалистички прегледи, ултразвучна дијагностика, компјутерска томографија, хируршки интервенции и друго), како и заеднички настапи на национални и меѓународни проекти и програми – соопштија од скопската Зоолошка градина.