Општина Охрид забележа зголемување на наплатената туристичка такса во првото тримесечје од годината, со вкупен износ од 1.149.814 денари.
Ова претставува зголемување во споредба со претходните години. Во 2022 година биле наплатени 17.498.585 денари, а минатата година – 20.221.832 денари.
Според законот, средствата од туристичката такса се реинвестираат во развојот на туризмот на локално ниво, преку Програмата за развој на туризмот.
Општина Охрид, исто така, посочува дека има 3.049 регистрирани даватели на угостителски услуги од мал обем, вклучително и издавачи на станови.