На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат запалени гласачки ливчиња во северозападните сојузни држави на САД.
Две гласачки кутии беа запалени рано во понеделникот во сојузните држави Орегон и Вашингтон, при што беа уништени стотици гласачки ливчиња.
Официјални лица соопштија дека неколку стотици гласачки ливчиња се уништени во пожар што рано утринава избувна во гласачка кутија во градот Ванкувер, во државата Вашингтон.
Државниот секретар на Вашингтон Стив Хобс рече дека државата нема да толерира закани или акти на насилство кои имаат за цел да го попречат гласањето.