Во скопската населба Ѓорче Петров рано изутрина бил запален автомобилот на Драган Митковски, кој важи за еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска.
Митковски на последните избори дури беше и носител на листа од редовите на нејзината партија.
-На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).