Жалбите за дискриминација се дуплираат, најмногу за работните односи, образованието, услугите…

Во Македонија, во 2023 година, биле поднесени 523 претставки за дискриминација до надлежната Комисија за заштита од дискриминација , што е за над 100 проценти повеќе од минатата година, се вели во годишниот извештај на Комисијата за заштита и спречување дискриминација, кој беше презентиран вчера. Претседателот на Комисијата, Игор Јадровски, изјави дека апликантите, во претставките што ги поднеле лани, најмногу се жалеле за непристапност до медиумите и јавното информирање, за работните односи, образованието и добрите услуги

430

Во Македонија, во 2023 година биле поднесени 523 претставки за дискриминација до надлежната Комисија за заштита, што е за над 100 проценти повеќе од минатата година, се вели во годишниот извештај на Комисијата за заштита и спречување дискриминација, кој беше презентиран вчера.

Претседателот на Комисијата, Игор Јадровски, изјави дека апликантите, во претставките што ги поднеле лани, идентично како и во изминатите три години, најмногу се жалеле за непристапност до медиумите и јавното информирање, за работните односи, образованието и добрите услуги.

Јадровски дополни и дека за разлика од 2022 година, сега има тренд на намалување на дискриминацијата врз национална и етничка припадност, но обрна внимание дека се зголемува бројот на апликанти што се жалеле за дискриминација врз сексуална ориентација и родов идентитет.

– Основи за дискриминација се личното својство и општествениот статус, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, националната и етничка припадност – вели Јадровски.

Но, за ефикасна борба против корупцијата, не е доволно само да се поднесат жалби од граѓани. Клучно е да се осигури дека ќе има и прекршочни постапки, а во Македонија тоа се оценува како недоволно.

Иако имплементацијата на препораките од Комисијата се движи над 70 %, Јадровски нагласи дека мора да се унапреди ситуацијата со прекршочните постапки и дека треба да има законски измени за тоа.

Од Комисијата за антидискриминација рекоа и дека, иако имаат намален буџет, сепак, лани работеле и квалитативно и квантитативно повеќе во однос на 2022 година, но дека е потребно натамошно јакнење на институцијата.

– Ние работевме со намалени човечки капацитети во 2023 година. Комисијата сè уште останува со прилично лимитиран буџет. Сè уште континуирано се прекршува онаа финансиска независност на Комисијата, односно располагање со буџетот – изјави Игор Јадровски.

Претседател на Комисија за заштита и спречување дискриминација, Јадровски, дополни дека Комисијата работи и на нови попристапни простории за граѓаните, како и дека сакаат да се вклучат во работните групи за изготвување на законите за средно образование и за учебници.

М.С.