Закани кон светските лидери на Си-Би-Ес, меѓу нив и Вучиќ -„непријателите на Украина ќе бидат казнети“/ВИДЕО

326

На социјалните мрежи, украинските пропагандисти споделуваат видео од телевизиска програма на Си-Би-Ес, која ненадејно бил прекинат со заканувачка снимка.

Кога програмата беше прекината, на екранот се појавија закани до „непријателите на Украина“. На видеото под украинско знаме им се закануваат на неколку светски државници, меѓу кои Раиси, Фицо, Трамп, но и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Им се закануваат на сите кои присуствуваат на митинзите на американскиот кандидат за претседател Доналд Трамп.

На видеото се гледа веста за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, потоа веста за атентатот на Роберт Фицо, а потоа е прикажана слика од Вучиќ со зборовите „Ти си следниот“, поточно насловот на веста дека е уапсен мажот кој му се заканувал на претседателот на Србија.

Како што се наведува, „непријателите на Украина мора да бидат казнети“.