Еднократна помош и други поволности за пензионерите на БиХ

382

Пензионерите од една балканска држава имаат причина за славење – ќе им стигне еднократна помош, а ќе добијат и други погодности.

Фондот на ПИО на Федерацијата на Босна и Херцеговина објави важна информација за пензионерите. Станува збор за еднократна помош, за која ќе се обезбедат средства.

Ова беше договорено на средбата на претставниците на две пензионерски здруженија на Федерацијата на БиХ со премиерот и неговите заменици, министерот за труд и социјална политика, како и со претставниците на Федералниот пензиски институт. Договорено е и формирање совет на пензионери.

Пензионерите во Федерацијата Босна и Херцеговина не се задоволни ниту од условите за живеење ниту од начинот на усогласување на пензиите и веќе подолго време бараат исплата на еднократна доплата. Овој додаток сега им е ветен, како и бројни други поволности.