Лацио убедлив во Верона, килава победа за Интер

46
esultanza gol Mauro Icardi goal celebration Milano 18-09-2016 Stadio Giuseppe Meazza - Football Calcio Serie A Inter - Juventus. Foto Daniele Buffa / Image Sport / Insidefoto

Интересни четири натпревари во попладневниот термин од 15 часот во Серија А, каде видовме осум голови.

Киево на гостински терен успеа да го надмудри домаќинот Каљари со 2:0, Кротоне со истиот резултат пак славеше на домашен терен против тимот на Беневенто, Интер оствари важна победа против жилавата Џенова, со гол постигнат во самиот финиш, во 87. минута кога стрелец беше Д’Амброзио.

На овој натпревар Горан Пандев не играше од првата минута, а шанса доби во 74. минута, кога влезе на местото на Пелегри. Нешто подоцна, неговата екипа заработи две исклучувања, прво Омеонга во 91. минута за во 94. минута да биде исклучен и Адел Тарабaт.

Лацио ја оствари најуверливата победа денеска попладне во Италија со 3:0 на гостувањето кај Верона. Стрелци на головите беа Имобиле (2 гола) и Марушиќ.

Од 18 часот се игра мечот Сасуоло – Болоња, и од 20:45 Фиорентина – Аталанта.