Вучиќ по поразот на кошаркарите: „Следниот пат кажете ни кога не треба да победиме некого!“/ВИДЕО

2125

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е разочаран од поразот на кошаркарите и смета дека се направени некои грешки. Тој дури издвои видео од ситуација и остави коментар.

Тој смета дека имало чекори во таа ситуација и дека судијата морал да реагира.

– Во која земја тоа не се чекори? – напиша претседателот Вучиќ.

Потоа остави мала иронична порака…

– Следниот пат однапред кажете ни кого не смееме да победиме – порача српскиот претседател Александар Вучиќ.

Кошаркарската репрезентација на Србија водеше 35 минути во полуфиналниот натпревар на Олимписките игри во Париз против репрезентацијата САД, но во последните 10 минути се намали големата предност што ја стекна во првите три четвртини. На крајот беа поразени со 95:91 и со тоа ќе се борат за третото место.