Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во следните 72 часа ќе и се обрати на јавноста и јасно ќе ги каже барањата и мерките против нападите врз Србите на северот на Косово.
По средбата со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и со американскиот амбасадор Кристофер Хил, тој рече дека предложените мерки и барања ќе бидат „сериозни“.
Вучиќ најави дека во текот на октомври ќе ги претстави планот и мерките за Косово пред српскиот парламент.
„Подготвен сум за дијалог, подготвен сум да одам да разговарам со Курти, да имам дијалог во Брисел. Сепак, нема да дозволам погром и прогон на моето население и сосема е јасно дека тоа е единствената цел на владата на Курти“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека имал „двочасовни разговори, одвоени и комбинирани“ со Лајчак и Хил.
„За очекување е дека ќе излеземе со далекусежни и многу важни предлози пред Националното собрание во текот на октомври, ќе имаме многу важни состаноци, треба да се бориме за позицијата на Србија во светот, да бараме сојузници, рече тој.