Од Формула 1 тимот на Мекларен најавија дека ќе го истражат „инцидентот“ меѓу Ландо Норис и Оскар Пјастрим кој се случи на трката за Големата награда на Италија.
Пред трката, главни фаворити за победата беа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои стартуваа од првите две позиции. Ландо тргна како прв, но Пјастри успеа да го мине со одличен маневар, уште при првиот свијок. Тоа беше по малку чудна одлука ако се знае дека Норис води битка со Макс Верстапен во борбата за титулата.
- Тоа беше агресивен потег, но сè уште не сум разговарал со нив. Имавме одличен почеток, гледачите беа воодушевени, а би рекол дека Ландо беше изненаден од тој потег и тоа е нешто за што ќе разговараме. Имаше многу нервоза кај сите нас во тимот кога го изведе Пјастри тој маневар. Мора да ги почитувате колегите. Немаше контакт, но беше агресивно – изјави директорот на Мекларен, Зак Браун.