Водата во Дебарско Езеро е од прва категорија, граѓаните можат да пливаат

86

Водата во Дебарско Езеро може слободно да се користи за капење и рекреација, соопштија од Општина Дебар.

– Врз основа на последните примероци земени од Дебарското Езеро од Центарот за јавно здравје (ЈЗУ) – Охрид, од микробиолошките анализи, во експертското мислење стои дека според испитуваните параметри езерската вода е оценета како одлична – се наведува во соопштението.

Според Уредбата за класификација на водите, пак, испитувањето на параметрите од хемиската анализа одговараат на прва категорија.

-Резултатите се однесуваат само на испитуваните примероци од езерска вода. Водата може да се користи за капење и рекреација како и за спортови на вода – велат од Општина Дебар. 

Центарот за јавно здравје од Охрид редовно врши анализа на езерската вода, на примероци земени од неколку места, од Косоврашки Мост до месноста Три чешми(Манастирец).

Почести се анализите на водата кај градската плажа, каде што во летната сезона се разладуваат стотици капачи.

И во изминатите години анализите потврдуваа дека водата може да се користи за капење и рекреација.