Сателитските снимки направени во изминатите два дена покажуваат дека Русија ископала голем ров во близина на градот Љгов во Курската област. На фотографиите објавени од компанијата „Максар“ се гледаат различни делови од ровот кој оди паралелно со автопатот Е38 и железничката пруга.
Љгов е оддалечен околу 60 километри од украинската граница. Наводно, украинската војска дошла на 40 километри од градот.
Си-ен-ен во локалната група Вконтакте најде огласи за слободни работни места за копачи на ровови во Курската област.
„Пријатели, ме замолија да ја објавам оваа објава од Курчаков“, напишал еден корисник во групата наречена Типичен Љгов.
Курчаков е град во близина на нуклеарната централа Курск.
„Ни требаат луѓе да копаат ровови во Љгов. Имаат опрема, но нема возачи на машини. Плаќање секоја недела“, се вели во објавата.
Градежна компанија во регионот на Јужен Урал во Башкортостан објави дека има потреба од работници за копање ровови во областа Курск. Во огласот пишува дека работниците ќе добиваат од 1.400 до 3.600 евра месечно.
„Обезбедуваме: три оброци на ден, сите потребни алатки, работна облека, a превозот до работното место е на товар на компанијата“, се наведува во огласот.